Економија Министерство за финансии ќе го достави новиот буџет до Владата

Министерство за финансии ќе го достави новиот буџет до Владата

Министерство за финансии ќе го достави буџетот за 2017 година до Влада денеска или во понеделник, најавил министерот за финансии Кирил Миновски во телевизиска дебата на која гостувал заедно со дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов.

Од Министерство за финансии се уште официјално не ја потврдуваат оваа информација.

Информацијата дека е можно вадата да предложи да се донесе буџетот на два месеци пред да биде распуштено Собранието предизвика силни реакции и шпекулации дека тоа се прави поради изборите кои се предвидени да се одржат на 11 декември.