Македонија Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование Лутфиу се сретна со холандскиот амбасадор Пломп

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу, се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија, Ваутер Пломп. На средбата била истакната досегашната успешна соработка на полето на образованието и на науката меѓу двете земји.

Министерот Лутфиу го информирал амбасадорот Пломп дека МОН целосно стипендира тројца студенти на додипломски студии и двајца студенти на магистерски студии за академската 2016/2017 година на универзитетите „Гронинеген“, „Лајден“ и „Утрехт“ во Холандија.

И двајцата соговорници изразиле подготвеност за продлабочување на постојната соработка со соодветни високообразовни институции од Холандија за подобрување и за усогласување на наставните планови и програми, нормативно-правни акти, размена на стручни кадри и за други форми на соработка.