Свет Балкан Милитантна курдска група ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара

Милитантна курдска група ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара

Милитантна курдска група, некогаш блиска на Работничката партија на Курдистан, ја презела одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара, во кој загинаа 28 лица.

Групата Јастреби на слободата на Курдистан (ТАК) во соопштение на својата веб-страница навеле дека бомбашкиот напад во Анкара е одговор на политиките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и најавиле дека ќе продолжат со нападите, пренесува „Ројтерс“.

Турските власти денеска уапсиле уште три лица, осомничени за бомбашкиот напад во Анкара за кој Турција ги обвини курдските екстремисти.

Во рамките на истрагата за нападот досега се уапсени 17 лица.