Свет Балкан Мигрантската криза во фокусот на заедничката седница на српската и на унгарската...

Мигрантската криза во фокусот на заедничката седница на српската и на унгарската влада

Во Србија за овие две години се регистрирани околу 110.000 мигранти и уапсени се околу 2.000 криумчари, изјави денеска министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, за време на заедничката седница на владите на Србија и на Унгарија во Ниш, јавува дописничката на „Мета“ од Белград.

Мигрантската криза била една од главните теми на седницата, а унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил дека Унгарија ќе направи сè што е потребно мигрантите да се вратат во земјите од каде што доаѓаат, а не неконтролирано да влегуваат во таа земја.

„Унгарија ќе направи сè за секој мигрант да може да се врати во својата земја,“ изјави Орбан, чија влада на границата со Србија стави голема жичена ограда за да спречи илегален влез на мигрантите од Србија.

Стефановиќ наведе дека од почетокот на мигрантската криза, минатото лето низ Србија поминале повеќе од 900.000 лица и дека мигрантскиот бран на западно-балканската рута не е спорен.

Тој оцени дека Србија и Унгарија воспоставиле добра соработка при соочувањето со мигрантската криза.