Свет Свет Мексико: Низ тунел од затвор побегнале 29 осуденици

Мексико: Низ тунел од затвор побегнале 29 осуденици

На северот на Мексико, во државата Тамаулипас, од затвор побегнала група од 29 затвореници, низ тунел што сами го ископале.

Затворениците убиле едно лице при кражба на автомобил во градот Сиудад Викторија.

Портпарол на полицијата соопшти дека досега се фатени 12 од 29 затвореници и дека веќе се вратени во затвор.
Тој додаде дека затворениците ископале тунел длабок околу 4,5 метри и долг околу 37 метри.