Видео Масовни протести во Лондон, демонстрантите бараат останување во ЕУ

Масовни протести во Лондон, демонстрантите бараат останување во ЕУ

Неколку илјади демонстранти маршираа денеска во централниот дел на Лондон во знак на протест поради резултатите од реферндумот што се одржа минатата недела, а по кој Велика Британија треба да излезе од Европската Унија.

Најголем дел од учесниците на протестот беа облечени во сино, односно во боите на знамето на Европската Унија, кое дел од нив го носеа на себе.

Тие порачаа дека сакаат да останат во ЕУ и се надеваат дека земјата нема да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, со што и официјално ќе почне процесот на излегување на државата од ЕУ.