Свет Европа Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

Македонски државјанин уапсен во Италија, регрутирал борци за ИД

Антитерористичка единица на италијанската полиција, во околината на Венеција уапсила македонски државјанин, осомничен за регрутирање борци за учество во воените дејства на Блискиот Исток, на страната на Исламска држава (ИД), јавуваат италијанските медиуми.

Полициската акција, како што пренесува „ Ла република“, била спроведена по наредба на обвинителството во Венеција, кое почнало истрага против неколку лица со потекло од Балканот.

Идентитетот на македонскиот државјанин не се открива, а според информациите, тој бил поврзан со неименуван босански имам, кој го индоктринирал во радикален ислам.

Преку оваа мрежа, како што пренесуваат медиумите, на боиштата на Блискиот Исток заминале најмалку три лица со потекло од Македонија и од Босна и Херцеговина, од кои двајца загинале во 2013 и во 2014 година.