Хроника Македонски државјани уапсени во Ново Сараево со еден килограм хероин

Македонски државјани уапсени во Ново Сараево со еден килограм хероин

Двајца македонски државјани се упасени во Ново Сараево со повеќе од еден килограм хероин. Шабан Х. и Индриз Ш. од Гостивар се приведени на меѓународната автобуска станица на улицата Пут живота.

Според босанските медиуми, хероинот е пронајден кај Шабан, кој бил во друштво со Идриз. Во Сараево дошле со автобус, а инспектори ги пречекале на автобуската станица.

Шабан бил платен само да го пренесе хероинот, што околу телото го замотал со помош на појас за грб.