Спорт Македонија е на 101. место на ФИФА-листата

Македонија е на 101. место на ФИФА-листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на најновата ранг-листа на ФИФА и се наоѓа на 101. место со 327 поени.

Ова е прва листа на ФИФА за 2015 година и не се забележуваат некои поголеми промени. Првите 10 на новата листа на ФИФА се со ист резултат. Прв на листата е актулениот светски шампион Германија со 1.725 поени, вторa е Аргентина, третa Колумбија, четвртa Белгија, а петтa е репрезентацијата на Холандија.

Од нашите противници за квалификациите за Европското првенство во 2016 година, подолу на табелата е само Луксембург, на 127. позиција, а останатите се на позициите од претходното рангирање. Шпанија е на девето, Словачка на 21. место, Украина на 25. позиција и Белорусија на 99 место.