Свет Балкан Лезбос: Полицијата се судри со мигрантите во кампот Морија

Лезбос: Полицијата се судри со мигрантите во кампот Морија

Полицијата и мигрантите се судрија денеска во камп на островот Лезбос, соопшти грчката полиција.

Како што соопшти портпаролот на локалната полиција, инцидентот избил во делот на кампот Морија, каде се сместени малолетни мигранти, а оттаму се проширил.

– Интервентната полиција во моментот води операција внатре и надвор од кампот – посочи портпаролот, додавајќи дека за време на немирите биле запалени и контејнери.