Свет Европа Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

Лагард: Земјите членки на ЕУ подобро да комуницираат во интерес на економијата

Од суштинско значење за економијата е земјите членки на Европската Унија прашањето со Брексит да го решат со крената глава, изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.

Taa даде забелешка за недостигот од комуникација во EУ и за префрлувањето на одговорноста од едни на други. Според неа, треба да се согледа економската реалност и да се работи на подобра соработка и комуникација.

Лагард изрази жалење што напорите за објаснување на негативните последици од Брексит, пред да се одржи референдумот во Велика Британија, биле залудни.