Ctrl - Z Културно ехо ќе одржи конференција на тема „Студентски град, сега!“

Културно ехо ќе одржи конференција на тема „Студентски град, сега!“

На 27 октомври со почеток од 18 часот во Домот на културата – Општина Ѓорче Петров ќе се одржи конференција под името „Студентски град, сега!“ организирана од страна на Културно Ехо во соработка со Сити Скоп и Општина Ѓорче Петров. Оваа конференција е дел од проектот на Културно Ехо наречен „Од напуштена фабрика до студентски град“.

Целта на овој проект е ревитализација и пренамена на фабриката „Купрум“ во студентски град на културата. Од организацијата тврдат дека со пренамената на фабриката ќе се поттикне децентрализацијата на културно-образовните подрачја.

Поради почитување на препораките за заштита од ковид-19, конференцијата ќе се одржи без физичко присуство и истата ќе има пренос во живо на Фејсбук.

Културно Ехо е интернационална невладина и независна организација основана во Скопје чија цел е промовирање на одговорност за животната средина.