Свет Европа Кулеба повторно го повика Западот на петте чекори до победа над Русија

Кулеба повторно го повика Западот на петте чекори до победа над Русија

Според него, заедничкиот Бруто домашен производ (БДП) на Украина и нејзините сојузници е 21 пат повисок од тој на Русија и нејзините „многу малубројни сојузници“, така што има „повеќе од доволно ресурси за на Украина да ѝ се даде помошта што Кијив ја бара“

Извор на фотографија: Ukrinform

Западните демократски земји треба да го забрзаат процесот на донесувањето одлуки за поддршка на Украина во актуелната војна против Русија, апелираше Дмитро Кулеба, министер за надворешни работи на Украина во своето најново интервју, дадено за американската телевизија Си-ен-ен.

Кулеба порача дека петте чекори што ги наброја, а очекува Западот да ги преземе, би имале многу смисла и би ѝ помогнале на Украина да ја победи Русија.

„Во текот на Студената војна, коалицијата што излезе посилна од Советскиот Сојуз и неговите сојузници, беше според сите нишани, многу послаба од коалицијата којашто сега ѝ помага на Украина да ја порази руската агресија“, порача украинскиот министер за надворешни работи.

Според него, заедничкиот Бруто домашен производ (БДП) на Украина и нејзините сојузници е 21 пат повисок од тој на Русија и нејзините „многу малубројни сојузници“, така што има „повеќе од доволно ресурси за на Украина да ѝ се даде помошта што Кијив ја бара“.

„Сѐ што Западот треба да стори е да поверува во себе, во својот капацитет да опстои. И, се разбира, и времето е важно – не може да седиме и да чекаме и да следиме безброј дискусии за ова прашање“, рече Кулеба.

Тој пред 2 дена го објави списокот на пет чекори што Западот треба да ги преземе за да се одговори адекватно на руската агресија. Тоа се:

-Забрзување на доставата на дополнителни системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и муниција на Украина;
-Обезбедување јуришни дронови од сите категории за Украина;
-Подарување ракети со дострел поголем од 300 километри на Украина;
-Дозволување употреба на замрзнатите руски средства за помош на Украина;
-Изолирање на руските дипломати во главните градови и во меѓународните организации.