Свет Свет Круз и Кејсик заедно против Трамп

Круз и Кејсик заедно против Трамп

Штабовите на Тед Круз и на Џон Кејсик, кандидати за републиканска претседателска номинација, соопштија дека почнуваат заедничка стратегија за да оневозможат Доналд Трамп да добие номинација.

Штабовите на Круз и на Кејсик издале соопштенија во кои се наведува дека Круз ќе ги фокусира ресурсите за победа во Индијана, додека Кејсик ќе се фокусира на западните држави, меѓу Орегон и Њу Мексико.

Трамп води во трката, но потребно му е да обезбеди поддршка од 1.237 делагати.

Ако не успеа во тоа, републиканците на конвенција можат да избираат и други кандидати, дури и тие што не учествувале во трката.