Македонија Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава...

Ковачевски се сретна со Макрон, доби уверување дека Франција ја сака земјава во ЕУ

Претседателот Макрон ја поздравил одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцирал дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска во Братислава се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата присуствувал и министерот за надворешни работи Бујар Османи, информираат од владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски му се заблагодарил на францускиот претседател за неговиот личен ангажман во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

Соговорниците се согласиле дека не смее да има одложување на процесот на евроинтеграции, и затоа, и овој пат нема да отсуствува поддршката од Франција и меѓународната заедница во натамошните етапи и предизвици на патот кон членство во ЕУ, се наведува во соопштението на Владата на РСМ.

Претседателот Макрон ја поздравил одлучноста на Владата да работи на реализирање на европската агенда и потенцирал дека на тој пат ќе продолжи да има силна и гласна поддршка на Франција.

Ковачевски и Макрон се согласиле дека сега е момент да се направи јасен исчекор во пристапниот пат и да се овозможи успешно интегрирање на Северна Македонија во ЕУ.