Свет Балкан Коцијанчич за Албанија: Политичката дебата треба да се случува во парламентот

Коцијанчич за Албанија: Политичката дебата треба да се случува во парламентот

Маја Коцијанчич, портпаролката на Европската Комисија, денеска на прес-конференција рече дека Комисијата е разочарана од бојкотот на Собранието од страна на опозицијата во Албанија и додаде дека политичката дебата треба да се случува во Собранието, а не надвор од него.

„Од наша перспектива, соработката помеѓу владата и опозицијата во Албанија се клучни за амбицијата на земјата да се приклучи кон Европската Унија. Подготовките за претстојните парламентарни избори се важен дел од овој процес, а ние одблиску ќе ги следиме случувањата во земјата – изјави Коцинајчич.