Свет Балкан Косовскиот парламент не изгласа доверба на владата, на повидок избори

Косовскиот парламент не изгласа доверба на владата, на повидок избори

Владата на Косово денеска „загуби“ на гласањето доверба во парламентот, со што Косово го очекуваат предвремени избори најдоцна за 45 дена.

Седницата на косовскиот парламент мина во тензична атмосфера, а Демократската партија гласаше исто како и опозицијата, на иницијативата на Фатмир Лимај, претседател на партијата Иницијатива за Косово.

Според проценките, претседателот на Косово треба утре да почне консултации со парламентарните партии за да се одреди датум за предвремени избори.

Владата предводена од Иса Мустафа долго беше блокирана поради неможноста да обезбеди мнозинство во парламентот за договорот за демаркација на границата со соседна Црна Гора, а потоа и за визната либерализација.