Свет Балкан Косово дозволи Србите што живеат таму да гласаат на претседателските избори

Косово дозволи Србите што живеат таму да гласаат на претседателските избори

Србите кои живеат во Косово ќе може да гласаат на 20 избирачки места на целата територија, за претседателските избори во Србија кои се одржуваат утре, пишува весникот пишува „Коха диторе“.

Изборниот процес ќе се одвива како и во Србија, но пребројувањето на гласовите нема да се врши во Косово.

Информацијата ја потврдил и заменик-министерот за локална самоуправа и советник на премиерот Иса Мустафа, Бајрам Гецај.

Гласањето на Србите на Косово за предвремените парламентарни избори во 2016 година го набљудуваше мисијата на ОБСЕ.