Економија Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Северна Македонија, нотирано е...

Корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Северна Македонија, нотирано е во Извештајот на Стејт департмент

Фото: klimkin from Pixabay

Во најновиот Извештај за инвестициска клима за 2021 на американскиот Стејт департмент се вели дека корупцијата е постојан проблем за водење бизнис во Македонија иако законската рамка е главно во согласност со меѓународните стандарди.

Во однос на законите се нотира дека тие често се менуваат, што креираат „непредвидлива средина за бизнис која води до корупција“.

Во Извештајот се вели дека „има функционери кои се вклучени во коруптивни активности.“

Во Извештајот исто така се нотира дека ковид-пандемијата силно ја погодила македонската економија, што влијаело врз влегувањето на нови странски иневстиции.