Македонија Комисијата со предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово...

Комисијата со предлог-одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање

Извор на фотографија: Влада на РСМ (јули 2020)

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово, Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестирање.

„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите. Во Европската Унија сите граници на движење се без ПЦР тестирање,“ информираат од Министерство за здравство.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата, која што ќе треба да ја донесе финалната одлука за отворање на границите со земјите од Западен Балкан.