Свет Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

Клинтон е добро, тврди нејзината лекарка

Лекарката на Хилари Клинтон, изјави дека таа закрепнала од воспалението на белите дробови и дека е здрава и подготвена да служи како претседателка на САД.

Оваа изјава е дел од соопштенијата за медицинските податоци на Хилари Клинтон, кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, кои беа објавени од нејзиниот изборен тим откако минатата недела е утврдено дека има пневмонија.

Во соопштението се наведува дека докторката на Хилари Клинтон ја прегледала и востановила дека сè друго е „нормално“ и дека таа е во „извонредна ментална состојба“.

Докторката Лиса Бардак додаде дека Клинтон добро се чувствува и заздравува со антибиотици и со одмор по инцидентот кога таа имаше вртоглавица на комеморацијата од терористичките напади на 11 септември 2001 година, што се одржа минатата недела во Њујорк.

Соработниците на Клинтон наведуваат дека таа утре ќе продолжи со претседателската кампања.

Изборите во САД ќе се одржат на 8 ноември.