Економија Кина побара членство во ЕБРД

Кина побара членство во ЕБРД

Кина поднесе апликација за членство во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), изјави денеска главниот економист на ЕБРД, Ханс Петер Ланкес, јавуваат светските агенции.

Според Ланкес, се очекува до средината на декември да биде донесена одлука по барањето на Кина.

Тој посочува дека ЕБРД е многу активна во Централна Азија, Југоисточна Европа, Кавказот, односно подрачја во кои во последните неколку години кинеските инвеститори и финансии играат многу значајна улога.

Оцените се дека доколку Кина стане членка на ЕБРД, ќе добие мал, но престижен удел.