Свет Кина: 17 загинати при експлозија во фабрика

Кина: 17 загинати при експлозија во фабрика

Најмалку 17 лица загинаа, а 20 се повредени при експлозија на гас во фабрика за автоделови во јужнокинескиот град Фошан.

Според очевидци, во фабриката одекнале три експлозии, а од детонациите, покрај таванот на фабриката, кој целосно е уништен, оштетена е и околната фабрика за стакло.