Свет Балкан Катастрофални пожари во Грција и Турција, досега загинаа 10 лица

Катастрофални пожари во Грција и Турција, досега загинаа 10 лица

Photo by Filippos Sdralias on Unsplash

Во Грција и Турција продолжуваат да беснеат катастрофалните пожари кои се појавија, а во чие натамошно ширење потпомагаат топлото време и силниот ветар. Илјадници туристи и жители од градовите северно од Атина се евакуирани поради пожарите, а од пожарите во Грција досега загинаа две лица, јавува Би-би-си.

Огромните пламени јазици и чадот се гаснат со 20 авиони од кои се испушта вода, а покрај во близина на Атина, критично е и на островот Евија. Во грчкиот главен град паѓа пепел, а целиот град мириса на чад. Властите апелираат до граѓаните да ги затворат прозорците и да не излегуваат од своите домови.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека пожарите ја покажуваат „реалноста на климатските промени“. Дополнителни пожарникари и авиони во Грција веќе испратија Велика Британија, Франција и САД. Од пожарите во Грција досега се повредени 20 лица.

Исто како и во Грција, пожарите продолжуваат да се шират и во Турција, каде досега загинаа осум лица. Во гаснењето на пожарите се вклучени повеќе од 5.000 пожарникари повеќе од 11 дена. Пожари горат на неколку локации во земјата, а најкритично беше во близина на егејското подрачје. Во Турција пожарите се гаснат со 80 хеликоптери и канадери, како и со противпожарни возила.