Свет Балкан Катастрофална состојбата со снегот и со мразот во областите Голо Брдо и...

Катастрофална состојбата со снегот и со мразот во областите Голо Брдо и Гора

Македонско друштво „Илинден“ од Тирана се огласи со соопштение и со алармантно предупредување дека е катастрофална состојбата со снегот и со мразот во областите Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво „Илинден“ ги повика албанската влада и општините да преземат итни и неодложни мерки за да се подобри ситуацијата.

„Ги повикуваат Владата, Општина Либражд, Општина Булќиза и Општина Кукс итно да ги преземат сите неопходни мерки за да се подобри исклучително тешката ситуацијата во областа Голо Брдо и во областа Гора, создадена со врнежите од снег во изминатите денови и исклучително ладното време“, се вели во апелот.

Како резултат на големи врнежи од снег и на ниска температура, сите патишта што го поврзуваат областа Голо Брдо и областа Гора се целосно блокирани, а со денови нема и електричната енергија. Сите села се изолирани и нема доволно резерви на лекови во здравствените амбуланти, предупредуваат и бараат помош од друштвото „Илинден“ од Тирана.

Во Албанија и официјално едно лице се води како починато поради ниската температура.