Подглавна секција „Калзо“: Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговата Влада

„Калзо“: Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговата Влада

Новиот премиер на Косово, Албин Курти го исполни ветувањето за застапеноста на жените во неговиот владин кабинет, пишува „Вистиномер.мк“. Тој во предизборната кампања вети дека 30 проценти од министерствата ќе бидат предводени од жени.На 3 февруари Собранието на Косово ја изгласа новата Влада на Курти во која од вкупно 15 министерства има пет жени на министерски места.

„Калзо“ (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) го анализираше ова ветување и потврди дека бројката на министерки во новата Влада изразена во проценти е 33 проценти, па со овие аргументи споменатото ветување на Албин Курти го оцени како исполнето.