Македонија ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за...

ЈП Водовод и канализација – Скопје и Водовод Будимпешта ќе соработуваат за намалување на загубите на вода

Фото: ЈП Водовод и канализација Скопје

Со грант од околу 122.000 евра добиен од Western Balkans Green Center (WBGC), ЈП Водовод и канализација – Скопје, во соработка со Водовод Будимпешта ќе го реализира проектот за „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на Северна Македонија“, информираат од скопскиот водовод.

„Горд сум што и во услови на криза, не дозволивме нашата работа да застане и продолживме со вложување напори и ресурси за подобрување и унапредување не само на работните процеси и услугите кои се насочени кон нашите корисници, туку и кон заштита на расположливите природни ресурси, во нашиот случај водата за пиење, кои се изложени на силно влијание од климатските промени“ – посочува Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Реализацијата на овој проект доаѓа по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, во февруари годинава. Проектните активности, иако одложени заради корона кризата, ќе отпочнат во текот на месецов.