Свет Свет Јапонија, Кина и Јужна Кореја на трилатерален самит оваа есен

Јапонија, Кина и Јужна Кореја на трилатерален самит оваа есен

Јапонија, Кина и Јужна Кореја планираат да одржат трилатерален самит оваа есен за ублажување на дипломатската напнатост во односите помеѓу тие земји. Самитот треба да се одржи помеѓу септември и ноември во Јужна Кореја.

Истовремено, Токио и Сеул ја разгледуваат можноста за организирање на прва билатерална средба на јапонскиот премиер Шиноз Абе и јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе на маргините на тој самит.

Шефот на дипломатијата на Јужна Кореја утре пристигнува во прва посета на Јапонија, по повод 50 години од нормализацијата на дипломатските односни на двете соседни земји.

Според неодамнешните истражувања, недовербата помеѓу Јапонија и Јужна Кореја е на највисоко ниво по многу години.

Речиси три четвртини од Јапонците (73 отсто) немаат доверба во Јужна Кореја, додека 85 отсто од Јужнокорејците ја изразуваат истата недоверба спрема Јапонија,