Свет Европа Јанша: Лажните вести и заблудите се одговорни за ширењето на корона вирусот...

Јанша: Лажните вести и заблудите се одговорни за ширењето на корона вирусот и заострувањето на мерките

Фото: Принтскрин

Лажните вести со кои се негира опасноста од коронавирусот, кои во Европа се шират главно преку социјалните мрежи, а во Словенија, за жал, и преку традиционални медиуми, ја принудуваат Европа и одделни земји да преземат поостри мерки отколку што е потребно, изјави денеска во Брисел словенечкиот премиер Јанез Јанша.

Пред вториот ден од Самитот на ЕУ, Јанша рече дека вчера лидерите на земјите-членки, покрај другите точки, како излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ, првиот ден многу разговарале за начините за борба против дезинформациите.

– Ова предизвикува голема штета на нашата заедничка борба против ширењето на коронавирусот на европско и национално ниво и ги принудува Европа и одделните земји да преземат поостри мерки отколку од оние кои би биле доволни без лажни вести и масовно ширење на целосно ненаучни и нелогични негирања – рече словенечкиот премиер.