Македонија Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

Во Основниот суд Скопје 1 денес стартува судењето за случајот „Топлик” во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во „Топлик” заедно со Јанакиески, осомничени се уште пет лица за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште.

Истовремено, во судот ќе се одржи и ново рочиште за предметот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на Електрани на Македонија.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.