Свет Европа Извлечени уште шест тела од затрупаниот хотел во Италија

Извлечени уште шест тела од затрупаниот хотел во Италија

Уште шест тела беа извлечени од хотелот во централниот дел на Италија, на кој пред речиси една недела се урна снежна лавина. Спасувачките екипи сè уште бараат 17 исчезнати лица.
Сега е потврдено дека 12 лица смртно настрадале откако лавината го прекри хотелот „Ригопијано“.

Спасувачите не губат надеж дека ќе пронајдат преживеани, откако вчера под урнатините и под снегот беа пронајдени три живи кутриња.

Во петокот спасувачите извлекоа неколку преживеани од урнатините на хотелот кои опишаа како преживеале страшни 48 часа заробени во мрак и на студено, јадејќи снег за да ја изгаснат жедта.

Спасувачката акција се одвива бавно затоа што спасувачите често мораат да копаат со голи раце од страв да не предизвикаат ново уривање.

Лавината се случи неколку саати по силните потреси во таа област, која минатата година беше зафатена од серија земјотреси.