Свет Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

Израел ги шпионирал преговорите за иранската нуклеарна програма

Израел го шпионирал преговорите меѓу Техеран, САД и петте најголеми светски сили за иранската нуклеарна програма, соопшти денеска „Волстрит џурнал“.
Израел набргу ги демантираше информациите на американскиот весник, оценувајќи ги како „спротивни на вистината“.

Според весникот, кој цитира американски претставници, израелската операција се состоела од инфилтрирање во расправите и од составување досие за да го спречат прифаќањето на условите од спогодбата во текот на преговорите.

Израел успеал да прибави информации со доверливи американски информатори и од дипломатски контакти во Европа, наведува весникот.

Белата куќа, како што пишува „Волстрит џурнал“, најмногу ја иритирало тоа што Израел ги делел доверливите информации со американските застапници за да ја спречи поддршката за иранската нуклеарна програма на која се противат бројни републиканци.