Свет Балкан Иванов денеска на работна посета во Турција, на покана од Ердоган

Иванов денеска на работна посета во Турција, на покана од Ердоган

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе престојува во Турција на работна посета, на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштија утрово од кабинетот на Иванов.

„Предвидено е претседателот Иванов во Истанбул да оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, а ќе присуствува и на свеченото отворање на третиот мост над Босфор, Јавуз Султан Селим“, стои во соопштението.

Посетата на Иванов на Турција доаѓа по неодамнешниот неуспешен обид за воен удар во земјата.