Свет Свет Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за нападот во Камбрилс, во Каталонија, каде што петмина терористи со автомобил повредија петмина граѓани и еден полицаец, јавуваат светските медиуми.

Полицијата ги уби петмината терористи, а идентификувани се телата на тројцата од нив. Истовреме, безбедносните сили трагаат по возачот на комбето кој изврши напад во Барселона, односно влета на улицата Ла Рамбла и усмрти 14, а повреди 100 лица.

Исламска држава вчера ја презеде одговорноста и за нападот во Барселона.