Македонија ИРИ и понуди на Владата експертиза за лажните вести

ИРИ и понуди на Владата експертиза за лажните вести

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на ИРИ, Овен Паун, директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова, заменик-директорка на ИРИ за Македонија.

„Стратешките заложби за транспарентност и борбата со лажните вести мора да продолжат и понатаму, без оглед на тоа кој ќе дојде на власт. За таа цел мора претходно да ги едуцираме граѓаните преку воведување на медиумската писменост и во формалното образование“, рече на средбата Поповски.

Тој ја подвлекол важноста од етаблирање на професионалци во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Поповски на средбата истакнал дека Владата за прв пат создала професионален сектор за информирање кој ја промовирал транспарентноста на сите буџетски трансакции.

„Во наредниот период останува бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата како и остварувањето реални реформи во судскиот систем,“ истакнал Поповски.

Од ИРИ понудиле експертиза на Владата за сензитивизирање на јавноста за лажните вести.