Економија Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта

Ирак е подготвен да го намали производството на нафта и на тој начин ќе го поддржи планот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), кој предвидува да се намали прекумерната глобална понуда и да се зголеми цената на нафтата, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во Багдад.

– Она што во намалување на производството ќе го изгубиме, ќе го надоместиме во приходите од нафтата. Нашиот приоритет е да се зголеми нејзината цена – изјавил премиерот Ал Абади.

Членките на ОПЕК треба да се состанат во Виена на 30 ноември, каде што Ал Абади ќе го соопшти планот за поддршка.