Технологија Гаџети Индиската полиција ќе користи дронови со солзавец на протести

Индиската полиција ќе користи дронови со солзавец на протести

Полицијата од Лукнау, град во северниот дел на Индија, користи ново оружје за справување со насилните демонстранти – дронови со солзавец.

Јашави Јадав, шеф на полицијата во Лукнау, соопшти дека неговите полицајци извршиле усшено пробно летање на дроновите, кои се обезбедени за поефикасно да се контролира масата.

– Резултатите се брилијантни. Успеавме да научиме како прецизно да таргетираме лица во толпата, без разлика на ветерот и на бројноста на масата. Солзавецот не е смртоносен, но е многу ефикасен за контрола на толпа. Можеме да прскаме од различна висина за да постигнеме максимален резултат – изјави Јадав.

Полицијата набавила пет дрона со солзавец, чија цена изнесува девет долари за едно летало. Дроновите се опремени со камера која снима во висока резолуција, можат да носат по два килограми солзавец и можат да летаат во радиус од еден километар од лицето што управува со нив.

Полицијата од Лукнау и претходно користеше дронови за надгледување, особено за време на религиозните празници.

Лукнау, кој е осмиот по ред најголем град во Индија, има два милиони жители и е главен град на државата Утар Прадеш.