Свет ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања „Не за неказнивоста!“

ИФЕКС го одбележува 2 ноември со кампања „Не за неказнивоста!“

На 2 ноември се одбележува Меѓународниот ден на Обединетите нации за ставање крај на криминалите против новинарите. Во моментов, 9 од 10 случаи на убиство на новинари се нерешени или неказнети. Ова води кон култура на неказнивост каде критичките гласови се замолчени, а граѓаните имаат недостиг од точни информации за општествата во кои живеат, велат од Глобалната мрежа за одбрана и за промовирање на слободата на изразувањето (ИФЕКС).

Интернационалниот ден за ставање крај на неказнивоста е клучен момент за зголемување на глобалната свест за влијанието на неказнивоста врз слободата на изразување и за мобилизирање на акција за правда.

Кампањата на ИФЕКС, „Не за неказнивост“, ги одразува тековните напори за зголемување на политичката волја на државите да се стави крај на неказнивоста – не само за кривични дела против новинари, туку и за уметници, активисти, блогери.