Македонија И ЦК на ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на Груевски за разговори за...

И ЦК на ВМРО-ДПМНЕ му даде поддршка на Груевски за разговори за формирање влада

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница ги прифатил вчерашните заклучоци на извршниот комитет и му дал целосна поддршка на претседателот на партијата и мандатар, Никола Груевски, за претстојните разговори за формирање на идната влада.

Со седницата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, раководел Груевски, а на неа се дискутирало за актуелната состојба во земјава и за резултатите од предвремените парламентарни избори на 11 декември.

– Освоените 455.000 гласови од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, во услови кога опозицијата дејствуваше заедно со невладините организации под контрола на Сорос и повеќепати коруптивно купуваше гласови, покажуваат дека мнозинството граѓани сè уште ја поддржува политиката која нуди развој и просперитет. Ваквата поддршка значи обврска за почитување на волјата на народот кој ги порази деструкцијата и кризите што изминати години ги промовираа СДСМ и Сорос. Централниот комитет на партијата смета дека подобрувањето на стандардите на живеење на граѓаните мора да биде приоритет во наредниот период, а за да се оствари таа цел неопходна е политичка стабилност преку формирање влада што ќе биде целосно посветена на реформите и на проектите од програмата „Реално“ – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.