Uncategorized Хејгел: Висок степен на готовност во пресрет на извештајот на Сенатот за...

Хејгел: Висок степен на готовност во пресрет на извештајот на Сенатот за ЦИА

Американскиот секретар за одбрана, Чак Хејгел, објави „висок степен на готовност“ за американските војници распоредени низ светот неколку часа пред објавување на извештајот на Сенатот за тајните испитувања на ЦИА.

Хејгел го најави предупредувањето за време на ненадејната посета на Багдад.

Белата куќа вчера соопшти дека се преземаат сите потребни мерки поради „некои назнаки“ за зголемен ризик“ за американските дипломати и за другите претставништва во светот“.

Извештајот на Сенатот би требало да содржи податоци за испитувањата на осомничените оперативци на Ал Каеда вршени во тајни објекти во Европа и во Азија по терористичките напади на САД од 11 септември 2001 година.

Претседателот Барак Обама го запре сите операции во 2009 година и призна дека методите што ги користела ЦИА вклучувале и мачење на затворениците.