Македонија Хан: Клучен момент за решавање на кризата во Македонија

Хан: Клучен момент за решавање на кризата во Македонија

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, оцени дека ова е клучен момент за решавање на политичката криза во Македонија. Тој на својот твитер-профил напиша:

„На пат кон поранешна југословенска Република Македонија. Клучен момент за лидерите да се согласат за излез од политичката криза“.

Хан доаѓа во придружба на тројцата европратеници, Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел, а целта на посетата е заживување на преговорите. Засега не се знае каков ќе биде форматот на средбите, но како што соопшти портапролката на Хан, Маја Коцијанчич, крајната цел е јасна.