„Нема време за губење, итно е потребна нова влада, патот на Македонија кон Европската Унија е отворен“, твитна еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, соопштувајќи дека почнал со разговорите со лидерите и со претставниците на парламентарните политички партии.
„Почнаа разговорите во Скопје. Итно е потребна нова влада за реформи. Нема време за губење“, напиша Хан на „Твитер“.
Во друг твит тој нагласува дека „патот кон ЕУ е отворен за Скопје по последниот состанок на Советот на Европската Унија, но часовникот отчукува“, и додава: „Потребно е државништво наместо тактики. Економијата страда“.
Во моментов Хан е на средба со лидерот на Беса, Билал Касами.