Македонија Грчко МНР: Без компромис и консензус се создаваат безизлезни и избувливи ситуации

Грчко МНР: Без компромис и консензус се создаваат безизлезни и избувливи ситуации

Со тага и со загриженост, гледаме дека Македонија назадува во длабока политичка криза и за таа да се реши, треба партиите да покажат почитување на принципите на демократијата, законитоста и на владеењето на правото, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Грција.

„Без почит за култура на компромис и консензус, се создаваат безизлезни и избувливи ситуации. Грција која одамна го поддржува принципот на немешање во внатрешните работи на соседните земји, е подготвена, кога ќе биде побарано од нас, да придонесе за деескалација на кризата врз основа на принципите на меѓународното право и почитувањето на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на БЈРМ“, се вели во сооштението на Министерството.