Свет Балкан Грчките служби фатиле 410 тони експлозив наменети за Либија

Грчките служби фатиле 410 тони експлозив наменети за Либија

Грчката крајбрежна стража спречила транспорт на 410 тони експлозив во брод што го пресретнале кај островот Крит.

Сандаците со експлозив се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме, а биле натоварени во турското пристаниште Мерсин, јавија грчките медиуми.

Приведени се 8 членови на екипажот. Бродот пловел кон Мисрата.