Свет Балкан Грчките синдикати најавуваат 24-часовен штрајк на јавниот и приватниот сектор

Грчките синдикати најавуваат 24-часовен штрајк на јавниот и приватниот сектор

Најголемите грчки синдикати на вработените во јавниот и приватниот сектор за утре закажаа генерален 24-часовен штрајк, што ќе ја парализира цела Грција, јавува новинската агенција МИА.

Проблеми ќе има во авионскиот, железничкиот и бродскиот превоз, а нема да се емитуваат ниту вести и информативни емисии поради учеството на новинарите во штрајкот.

Грчките авиокомпании откажале или презакажале дел од летовите, а бродовите и возовите исто така нема да сообраќаат. Јавниот сектор нема да работи до четврток, а протести се закажани за утре во центарот на Атина.

Синдикатите ги повикуваат граѓаните да ги „обединат силите против мерките на штедење, невработеноста и прекумерните даноци“.