Главна секција Ѓорчев: Изјавите на Бушати и на Рама задираат во нашиот суверенитет

Ѓорчев: Изјавите на Бушати и на Рама задираат во нашиот суверенитет

„Јавноста во Македонија секој ден е сведок на негаторски изјави кои задираат во внатрешните прашања и во суверенитетот на земјава. Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, препорачува тиранската платформа да била инкорпорирана, вклучена и составен дел од Уставот на Република Македонија, а албанскиот премиер Еди Рама, без попис лицитира со бројки од 35 отсто албанско население во Македонија“, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати за „Еуроактив“.

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, денеска на прес-конференција изјави дека тоа што ѝ треба на Македонија не се туѓи платформи и туѓи мешетарења, туку обединување околу државните и националните интереси на тоа што се нарекува заедничка единствена Македонија.

Тој го обвини СДСМ дека молчи на ваквите изјави и дека со тоа директно ги одобрува антидржавните и антинационални политички „што ѝ се наметнуваат на Македонија“.