Визуелизации Годинава 2.300 војници на АРМ во 30 вежби од Шпанија до Грузија

Годинава 2.300 војници на АРМ во 30 вежби од Шпанија до Грузија

Војници од специјалните сили „волци“ на АРМ штотуку завршија воена вежба во Албанија, ренџери од Полкот за специјални операции учествуваат на американска регионална вежба во Хрватска, а пред нив, на истата вежба, но во Словенија, учествуваше вод од баталјонот за противвоздушна одбрана. Годинава 2.300 војници на АРМ учествуваат на 30 воени вежби од Шпанија до Грузија, вклучувајќи и две во Македонија.

Две од вежбите ќе се одржат во земјава. „Одлучен удар“, која почнува на 5 јуни, ќе биде најголема теренска вежба во историјата на АРМ, а во октомври земјава ќе биде домаќин и на голема регионална штабна вежба на НАТО,  „РЕГЕКС“.