Свет Балкан „Газета експрес“: Тројца Косовци убиени во Минхен

„Газета експрес“: Тројца Косовци убиени во Минхен

Тројца Косовци, еден млад маж и две девојки, се меѓу жртвите од вчерашниот напад во Минхен при кој животот го загубија девет лица, а 16 се ранети.

Според порталот „Газета експрес“, во Минхен настрадале 21-годишниот Дијамант Заберѓа, чија смрт ја потврдил неговиот татко на „Фејсбук“.

Претходно, во текот на ноќта се дозна за уште две косовски жртви во минхенскиот трговски центар: Сабина Суљај, за која нема податоци за возраста и 14-годишната Армела Сегаши.

Напаѓачот подоцна беше пронајдени мртов, откако најверојатно се самоубил, а неговите мотиви засега не се познати.