Галерија (Галерија) Локализиран пожарот во кој изгореа бараки во центарот на Скопје близу...

(Галерија) Локализиран пожарот во кој изгореа бараки во центарот на Скопје близу домот „Даре Џамбаз“

Пожарот во бараките кај домот „Даре Џамбаз“ е локализиран | Фото: Мета.мк

Пет против пожарни возила од скопската Противпожарна бригада за околу еден час успеаа да го локализираат пожарот во бараките близу домот „Даре Џамбаз“ во центарот на главниот град.

Според првичните информации, во пожарот нема повредени, а бараките биле напуштени. На местото на настанот се појави и градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, како и членовите на Кризниот штаб на општината. Присутни се и сопствениците на земјиштето

o

Причините за пожарот не се познати.

Веднаш до бараките кои изгореа се гради деловно-станбен објект каде инвеститор е компанијата Хантерс Скопје.