Свет Балкан „Фридом хаус“: Нема напредок во демократијата во Албанија

„Фридом хаус“: Нема напредок во демократијата во Албанија

Во објавениот извештај „Земји во транзиција“ на „Фридом хаус“, нема промена во оценката за демократијата во Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.

Генералниот индекс на демократијата, кој е збир на седум специјални индекси, оваа година за Албанија изнесува 4,14, исто како и лани. На листа од еден до седум, еден означува највисоко ниво на демократски прогрес, а седум означува најниско ниво.

Врз основа на овој резултат, Албанија е во групата земји со транзициски влади или хибридни режими.